Роналдо: Ќе се вратам за две седмици

Кристијано Роналдо ги шокираше навивачите на Јувентус откако заработи повреда при настапот за португалската репрезентација, па сега ќе мора да пропушти натпревари на „старата дама“ токму во клучниот дел од сезоната. Сепак, големиот ас ги смирува стравувањата во неговиот клуб порачувајќи дека паузата од терените нема да биде многу долга.

„Добро си го познавам телото, ова е проблем со мускулот и за две седмици ќе бидам назад на теренот“ – порача Роналдо, не криејќи го разочарувањето што не можеше повеќе да им помогне на репрезентативните колеги при ремито од 1-1 против Србија.

Доколку прогнозите на Кристијано се остварат, тој би можел да настапи веќе на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ајакс, закажан за 10 aприл во Амстердам.

Се вчитува...