Кристијано Роналдо минатата година почна да гради куќа во Португалија каде има намера да живее по завршувањето на кариерата. Роналдо има намера да вложи дури 20 милиони евра во изградба на луксузна вила во која ќе има се што ќе посака.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња по завршувањето на кариерата сака да живее во оваа вила со семејството, а луксузниот дом се наоѓа на брегот на Кинта де Марињо на португалската ривиера. Сепак, иако веќе вложи огромна сума на пари, се чини дека Роналдо наиде на необичен проблем кој ќе се обиде да го реши што поскоро.
Имено, Роналдо е несреќен што до него има терен за голф и што зградата на тој плац му го расипува погледот. Англиските медиуми објавија дека Роналдо сака целосна приватност и е подготвен да го купи земјиштето на кое се наоѓаат терените за голф, а за да го реши тој проблем ќе вложи дополнителни 10 милиони евра.
Роналдо има намера да го купи тоа земјиште што е можно поскоро, а првото нешто што ќе го направи е да ја урне зградата која му го блокира погледот. Сопственик на оваа земја и клубот за голф е Мигел Шампалимо, кому адвокатскиот тим на Роналдо му испрати понуда за продажба на земјиштето, но тој сè уште не одговорил.
За Роналдо цената што ја постави Мигел Шампалимо не е проблем и единствено му е важно е да е заинтересиран за продажба. Роналдо сака неговата луксузна вила да биде навистина совршена и не сака ништо да му пречи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА