Роналдо: Мбапе во Реал Мадрид? Една работа е сигурна…

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе на лето станува слободен играч по што со „одврзани раце“ ќе ја бира неговата следна дестинација. Голема веројатност е дека тоа ќе биде Реал Мадрид, клубот кон кој Французинот не ги крие симпатиите.

Заминувањето на фантастичниот голгетер од ПСЖ и можниот премин во главниот град на Шпанија го коментираше и легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

„Мора да почекаме официјална потврда, но сите се возбудени за Мбапе во Реал Мадрид. Тој е неверојатен играч, еден од најдобрите во моментот. Мислам дека ќе донесе многу добра одлука ако премине во Реал. Верувам дека конечно ќе ја освои Златната топка ако потпише. Една работа е сигурна, а тоа е дека во следните години уште повеќе ќе уживаме во неговите настапи“, изјави поранешниот фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс.

Се вчитува...