Роналдо: Мислам само на Португалија, Манчестер Јунајтед е завршена приказна за мене

Кристијано Роналдо не беше премногу расположен за разговор со новинарите по дуелот меѓу Португалија и Гана, откако големиот ас беше прашан на темата „Манчестер Јунајтед“.

„Не сакам да зборувам на таа тема, Манчестер Јунајтед е завршена приказна за мене. Од моментот кога дојдов овде јас размислувам само на Португалија“, прокоментира Кристијано.

Тој не го криеше задоволството кога станува збор за постигнатиот гол со кој испиша нов рекорд – прв играч кој бил стрелец на пет различни светски шампионати.

„Тоа беше прекрасен момент, мое петто светско првенство и повторно гол. Секако дека тоа е уште еден рекорд што ме прави горд, но уште посреќен сум за тимот, што успеавме да победиме во одлична игра. Знаеме колку се важни првите натпревари на големите натпреварувања, затоа сите сме задоволни од трите бода и победата“, изјави најдобриот португалски фудбалер.

Се вчитува...