Три дена не делат од почеток на Светското првенство во Катар кое ќе биде 22. во историјата. Голема е веројатноста дека истото ќе биде последно на неколку легенди и воедно едни од најдобрите фудбалери во историјата на спортот, а на социјалните медиуми се појави најстариот комбиниран тим на првенството.
Во нападот истиот го предводат Французинот Оливие Жиру (36 години) и Португалецот Кристијано Роналдо (37), додека поддршка има даваат Белгиецот Мертенс (35) и Костариканецот Руиз (37).
Во средниот ред се Канаѓанецот Хачинсон (39) и Хрватот Лука Модриќ (37), додека последната линија пред мексиканскиот голман Талавера (40) ја сочинуваат Јапонецот Нагатамо (36) и Бразилецот Алвес (39), односно стоперите Пепе (39) и Силва (38).
Од него изостануваат уште неколку играчи како Лео Меси (35), Гвардадо (36), Очоа (37)…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА