Роналдо: Му благодарам на Кавани што ми го препушти омилениот број

Кристијано Роналдо по 12 години се врати во редовите на Манчестер Јунајтед и таму ќе игра и следните две сезони. Португалскиот ас притоа во тимот во кој го доби епитетот – легенда, повторно ќе го носи бројот 7 кој досега му припаѓаше на Едисон Кавани.

И покрај тоа што уругвајскиот репрезентативец веќе беше регистриран со тој број, истиот му го препушти на португалскиот ас и во иднина ќе го носи бројот 21. За овој потег, Роналдо не заборави да му се заблагодари на својот нов соиграч.

„Искрено не знаев дали ќе го носам мојот омилен број. Кавани ја покажа својата големина. Должник сум му за овој голем гест“, изјави Роналдо.

Второто деби на Португалецот се очекува да биде на 11. септември против Њукасл, а интересно е тоа постои огромен интерес за карта на овој меч па истите ја надминаа и цената од илјада фунти.

Се вчитува...