Кристијано Роналдо постигна еврогол на „Камп Ноу“ вечерва и ја повтори прославата на Лионел Меси, кога постигна гол во последните мигови за триумф од 2-3 на „Сантијаго Бернабеу“. Португалецот го ’закачи дресот на сушење’, како што тоа го направи и Меси, возвраќајќи му за потегот што се уште добро го паметат фановите на Реал Мадрид.
„Кралевите“ вечерва славеа со 1-3 во првиот меч од Суперкупот на Шпанија и за три дена ќе ја пречекаат Барселона на реванш на домашен терен во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА