Стефано Пиоли се наоѓа многу блиску до отказ од клупата на Ал Наср откако италијанскиот стратег влегол во конфликт со најголемата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо. Ал Наср моментно заостанува десет бода зад лидерот Ал Итихад, но тоа не се зема толку за грев на екс-тренерот на Милан колку што се нарушените односи со Роналдо.
Имено, Португалецот бил бесен на својот тренер што го повлекол од игра на дуелот против Ал Колод што неговиот тим го доби со 3-1. Кристијано го постигна првиот гол на мечот, а при водство на Ал Наср од 3-0, тренерот реши да го повлече најдобриот фудбалер за да на ризикува повреда. Роналдо беше шокиран при самото излегување од игра, а конфликтот се интензивирал во соблекувалната по натпреварот, а потоа и на следните неколку тренинзи.
Пиоли настојува да наметне авторитет, но тоа се чини како невозможна мисија со незадоволна „суперѕвезда“ во тимот. Кристијано даде амин при именувањето на поранешниот стратег на Милан, но тој сега е бесен на искусниот стратег и веќе порачал дека со овој стручњак Ал Наср не може да се надева на титула.
Ако се знае дека газдите на клубот досега го слушаа Кристијано, се чини дека тренерската смена е само прашање на време…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА