Роналдо на разговори со агентот за својата иднина на „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо е незадоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед, па е пред заминување од таборот на англискиот тим. „Црвените ѓаволи“ осцилираат со резултатите и прашање е дали ќе успеат да изборат место во Лигата на шампионите следната сезона.

Островските медиуми носат вести дека Роналдо имал разговори со својот агент Хорхе Мендеш за својата иднина на „Олд Трафорд“.

Веќе има информации дека Роналдо би можел да го напушти Олд Трафорд. ПСЖ се споменуваше како главен фаворит, но откако составот полн со ѕвезди е елиминиран од ЛШ, тешко дека ќе дојде до трансфер.

Се вчитува...