Роналдо на ’седмо небо’, Георгина е бремена?!

Португалскиот ас Кристијано Роналдо е на ’седмо небо’ во пресрет на финалето во Лигата на шампионите против Јувентус, со оглед дека неговата девојка Георгина Родригез, најверојатно е бремена. Тој со воодушевување објави фотографија на Инстаграм, на која јасно се гледа дека со левата рака ја држи Георгина за стомакот, веројатно асоцирајќи ја нејзина бременост, пишува шпанскиот весник „Ас“.

За неколку часа оваа фотографија доби повеќе од 4 милиони лајкови, што доволно говори за популарноста на Португалецот. Тој го има синот Кристијано Јуниор, чија мајка упорно ја чува во тајност со официјално потпишан договор.

  

Се вчитува...