Роналдо најдобар голгетер, Меси плејмејкер, Симеоне – тренер на 21. век

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика ги избра најдобрите за 21. век. Анализата на ИФФХС ги вклучи фудбалерите кои постигнале најмалку 200 гола во периодот од 2001 до 2020, а вкупно ги има само 58.  Кристијано Роналдо е избран за најдобар голгетер кој има постигнато 462 гола, пред Лионел Меси со 451 и Златан Ибрахимовиќ со 379.

Лионел Меси е избран за најдобар плејмејкер. ИФФХС ги бодуваше фудбалерите во последните 20 години, а аргентинскиот ас собра најмногу вкупно 174.

За најдобар тренер е прогласен Диего Симеоне, кој зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Се вчитува...