Роналдо наполни 40 години… се уште „гази“ на терените и атакува на „котата 1.000“

Кристијано Роналдо денеска го прославува својот 40. роденден, па иако на оваа возраст речиси сите фудбалери веќе се пензионери, португалскиот великан уште еднаш потврдува дека годините се само бројка за него.

Фактот дека има 64 гола на досегашните 64 средби за својот клуб Ал Наср најдобро потврдува дека Кристијано се уште игра во висок ритам, атакувајќи на рекордот што го има зацртано пред себе.

Португалецот не крие дека сонува да стигне до бројката од 1.000 голови, a ако се знае дека досега има 923 слободно може да се очекува тој да ја продолжи кариерата уште за една до две години.

Бројките низ неговата кариера се неверојатни, па така со двата гола на последниот меч за Ал Наср Португалецот стигна до 700 победи во кариерата. Тој воедно е и најдобар стрелец во историјата на европските првенства (14 гола), на Лигата на Шампионите (140), во репрезентативниот фудбал (135).

Со Манчестер Јунајтед и со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои, стигна до скудето и со Јувентус, а барем засега се нема израдувано на пехар со Ал Наср.

Сепак, иако од денеска има 40 години, нема сомнеж дека Роналдо е помотивиран од било кога за и оваа желба да му се исполни.

Се вчитува...