Минатиот викенд Кристијано Роналдо (39) го постигна 904. гол во кариерата во азиската Лига на шампиони.
По натпреварот, Роналдо зборуваше за својата иднина, и кажа дека повеќе не го интересираат рекордите, туку дека сега кога е веќе пред крај на кариерата, сака само да ужива во фудбалот.
„Не бркам веќе рекорди. Добро е играч да постигнува голови, но сега мене ми е најважно да уживам во фудбалот и да помогнам на тимот да победува“, рече Роналдо.
Португалецот наскоро ќе треба да го продолжи договорот со Ал Наср каде што најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА