Светската фудбалска организација (ФИФА) вечерва ќе го додели признанието за најдобар фудбалер во светот за изминатата година, а разврската би можела да биде идентична како и во изборот на УЕФА. Португалецот Кристијано Роналдо, како што најавуваат италијанските медиуми, нема да се појави ниту на гала – свеченоста на ФИФА, а тоа значи дека речиси сигурен добитник на наградата ќе биде Хрватот Лука Модриќ. Тој го доби признанието и за најдобар фудбалер во Европа.
Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ влегоа во финалниот избор на ФИФА. Неофицијално, Роналдо нема да отпатува во Лондон на манифестацијата на ФИФА, а тоа го оправдал со обврските во Јувентус. В среда тој игра нов натпревар од Серија А со „старата дама“, но јасно е дека претчувствува како наградата ќе замине во други раце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА