Роналдо не е од оваа планета – 142 стомачни за 45 секунди (видео)

Кристијано Роналдо и на 35 години е еден од најдобро подготвените фудбалери во светот на физички план, а со видеото што го објави денеска тој потврди дека „не е од оваа планета“.

Имено, Португалецот почна предизвик наречен „Куп на дневната соба“ за вежбање дома до сите свои следбеници на инстаграм-профилот, но постави норма што тешко дека некој ќе успее да ја стигне. За 45 секунди тој направи дури 142 стомачни вежби, потврдувајќи ја беспрекорната физичка подготвеност.

„Играј внатре, играј за тимот на светот“, гласи заедничката порака на Роналдо и на компанијата „Најк“, која застана зад проектот „Куп на дневната соба.

Се вчитува...