Роналдо: Не е важно колку години имате, се е во главата

Кристијано Роналдо повеќе од една деценија е еден од најдобрите фудбалери во светот. 35-годишникот верува дека ќе игра уште неколку години на високо ниво и дека на Светското првенство 2022 година во Катар со титулата светски шампион ќе се повлече од фудбалот.

Португалецот во голем стил ја почна новата сезона, постигнувајќи два гола за Јуве во убедливата победа од 4-1 над Удинезе.

„Не е важно колку години имате. Се е во главата. Во моментов се чувствувам добро и сум многу среќен. За себе гледам светла иднина и се надевам дека ќе играм уште неколку години. Сепак, со фудбалот никогаш ништо не се знае. Затоа на младите фудбалери им велам да уживаат во моментот кој го имаат, бидејќи никој не знае што носи иднината“, изјави Роналдо. 

Кристијано Роналдо во новата година ќе се обиде на Јувентус да му ја донесе титулата во Лигата на шампионите по пауза од повеќе од 20 години.

Се вчитува...