Роналдо: Не го оствариме тоа што го сакавме, но оваа екипа во иднина ќе носи многу радост на Португалците

Актуелниот европски шампион го заврши настапот во осминафиналето од Европското првенство откако загуби од Белгија со 1-0 благодарение на голот на Торган Хазард во првото полувреме. Португалците беа подобар противник во вторите 45 минути, но не успеаја да ја протнат топката во мрежата на Тибо Куртоа.

Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо по завршување на првенството се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде посочи дека оваа генерација на фудбалери ќе носат радост на својата држава и во иднина.

„Не го остваривме резултатот кој го посакувавме и на кој се надевавме. Го завршивме турниот порано од тоа што сакавме, но горди сме на тоа што го покажавме. Направивме се што можевме за да ја одбраниме шампионската титула. Оваа екипа покажа дека може да пружи уште многу радост на Португалците.

Нашите навивачи нe поддржуваа од почеток до крајот. Се боревме само за нив со цел да ја оправдаме довербата која тие ни ја дадоа нам. Сепак не беше можно да го оствариме тоа што го сакавме. И честитам на Белгија и им посакувам среќа на сите екипи до крајот на турнирот. Што е до нас, ќе се вратиме уште посилни“, напиша 36-годишникот.

Се вчитува...