Роналдо не игра, Ал-Наср ја совлада Ал Феиха (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал-Наср стигнаа до победа во домашниот шампионат и тоа без услугите на Кристијано Роналдо кој се уште ја отслужува казната поради нередите што ги направи во Суперкуп мечот против Ал Хилал.

Ал Наср вечерва по пресврт на домашен терен беше подобар од Ал Феиха со 3-1. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Сакала во 6. минута. До крајот на првиот дел домаќините можеа да израмнат, но Садио Мане не реализираше пенал. Израмнувањето стигна во 72. минута кога голот за 1-1 го постигна Ал Амри. Целата работа ја заврши Садио Мане кој со головите во 76. и 82. минута ги постигна конечните 3-1.

Al Nassr 0-1 Al Fayha – Sadio Mané penalty miss 42′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...