Најдобриот светски фудбалер за изминатата 2016 година, Кристијано Роналдо, нема да биде во составот на Реал Мадрид за утрешниот реванш натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија против Севилја. Португалецот не играше ниту на првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“, но „кралевите“ обезбедија убедлива предност од 3-0.
Тренерот Зинедин Зидан, покрај Роналдо, реши на утрешниот дуел да ги одмори и Лука Модриќ, Хамес Родригез, Иско, Пепе, а повредени се Бејл, Лукас Васкез…
Во составот на „кралевите“ се очекува враќањето на капитенот Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА