Напаѓачот на Ал-Наср и на португалската репрезнтација Кристијано Роналдо во интервјуто со Пирс Морган, ги шокираше сите со изјава дека не му е цел да го освои Светското првенство.
Тој рече дека не му е сон да го освои Мундијалот, и дека врз основа на 6-7 натпревари не може да се потврди дали е најдобар во историјата.
„Ако ме прашате дали е мој сон, не, не е! Што да потврдам? Да потврдам дека сум еден од најдобрите во историјата? Да го утврдат тоа со победа на едно натпреварување, со победа на шест или седум меча? Дали мислите дека тоа е фер?“, прашува Роналдо во интервјуто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

