Роналдо: „Ме разочаруваат тие што не сакаат да играат за својата репрезентација!“

Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо доби награда од португалската фудбалска федерација на свечена гала вечер па емотивно говореше пред спортските работници.

Асот откри дека сонувал еден ден да го носи репрезентативниот дрес, а денеска е рекордер со најмногу настапи (216) и рекордер по бројот на постигнати голови (133).

„Смешно ми е. Кога и се приклучив на репрезентацијата со 18 години сонував само да дебитирам. Потоа размислував за 25, па за 50 настапи. Па си помислив зошто да не дојдам до 100, тоа е интересен, трицифрен број. Подоцна целта ми беше да имам 150, па 200 настапи. Неверојатно чувство. И по толку настапи за толку клубови и остварувања и трофеи… Лига на Шампиони, Златни топки, ФИФА награди. Нема ништо подобро од играње за својата држава. Представуваш една култура, своите деца, мајка и татко, најдобри пријатели. Ме разочаруваат тие што не сакаат да играат за репрезентацијата“, изјави Роналдо.

Се вчитува...