Британскиот боксер во тешка категорија Ентони Џошуа оствари нова победа и го продолжи враќањето на големата сцена. Поранешниот светски првак во саботата вечерта во Ријад го го совлада опасниот Швеѓанец Ото Валин, откако таборот на Скандинавецот ја предаде борбата на крајот од петтата рунда за да спречи дополнителни удари на штета на неговиот борец.
Сепак, главна тема ден подоцна не е победата на Џошуа, туку Кристијано Роналдо и Конор Мекгрегор. Додека Португалецот прв седна на своето место, Ирецот му пријде и веднаш почна да го „дави“ фудбалерот, разговарајќи со друго лице кое седеше до ѕвездата на Ал Наср.
Conor McGregor x Cristiano Ronaldo! 🥊 pic.twitter.com/xXSTWg4KJc
— EuroFoot (@eurofootcom) December 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА