Натпреварот помеѓу Португалија и Гана од еден од најнеактривните во првото полувреме се претвори во еден од највозбудливите досега на Светското првенство во Катар. Во голеадата проследна со пет постигнати гола славеше Португалија со 3-2, но Ганците можеа да извлечат и бод и тоа во 10. минута од судиското продолжение.
Инаки Вилијамс умешно го чекаше контактот на голманот Коста со топката, од зад него втрча истата да ја украде за „фото-финиш“, но во најлош можен момент се лизна во стилот на Стивен Џерард…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА