Роналдо не му остана должен на Руни: Љубоморен си!

Вејн Руни имаше своја улога во понеделничкото студио на „Скај Спортс“ каде говореше искрено и директно на доста теми, а меѓу нив и за Манчестер Јунајтед. Поранешниот англиски репрезентативец од свој агол ги анализираше „црвените ѓаволи“ и притоа порача дека клубот треба да се ослободи од двете големи ѕвезди Пол Погба и Кристијано Роналдо.

Англичанецот смета дека Јунајтед треба да ја гради играта на други играчи, а ова не му се допадна на Португалецот кој имаше краток одговор на социјалните мрежи. Имено Вејн објави фотографија на социјалните мрежи заедно со Џејми Карагер и водителот на емисијата Дејв Џонс, а пораката на Кристијано предизвика лавина на реакции.

„Двајца љубоморни“, напиша Португалецот кој додаде и емотикон.

 

 

 

 

Се вчитува...