Роналдо не престанува да урива рекорди (ВИДЕО)

Португалија синоќа во пријателски меч славеше над Катар со 3-0. Еден од стрелците за Португалците беше Кристијано Роналдо кој стигна до 112 репрезентативен погодок во кариерата.

Со овој гол тој постави уште еден рекорд. Катар е вкупно 46. репрезентација против која еден од најдобрите фудбалери на сите времиња постигна гол, а исто така го запиша и 181. настап за Португалија што е најмногу за еден европски фудбалер.

 

Се вчитува...