Кристијано Роналдо е решен да доведе врвен стратег во Ал Наср, а Португалецот не се откажува од намерата за негов „шеф“ во Саудиска Арабија да биде ангажиран Зинедин Зидан.
Двајцата имаа беспрекорна соработка додека беа дел од Реал Мадрид, што беше причина Кристијано да лобира за Зидан кога пристигна во Манчестер Јунајтед, но и веднаш по доаѓањето во Ал Наср. Во двете ситуации пресуди желбата на Зидан да почека поинаков ангажман, не криејќи ја амбицијата да стане нов селектор на Франција.
Зизу остана разочаран откако Французите не го сменија Дидие Дешамп и по СП во Катар и по ЕВРО 2024, па легендарниот фудбалер сега е подготвен да се врати на тренерскиот занает. Извори блиски до Зизу тврдат дека тој веќе имал и првичен контакт со Ал Наср, каде спортски директор е уште една легенда на Реал Мадрјд, Фернандо Јеро.
Првата рунда разговори била оценета како крајно позитивна од двете страни, Зидан би станал најплатен фудбалер во светот, но и би добил буџет за засилувања со кои би составил тим за да се бори со Ал Хилал за титулата во шампионатот на Саудиска Арабија, нешто што не беше случај лани. Останува да се види како ќе течат преговорите, но желба на Роналдо и на челниците на Ал Наср е во следните десетина дена да добијат конкретен одговор, со надеж дека Зидан што поскоро ќе може да застане на кормилото на оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

