Без сомнение, Кристијано Роналдо и Лионел Меси одбележаа една цела огромна епоха на фудбалот. Посебно кога едниот беше член на Реал Мадрид, а другиот на Барселона, кога и нивното меѓусебно ривалство беше на врвот.
Секогаш ќе има контроверзии околу тоа кој е подобар играч од двајцата, а Клаудио Маркизио, поранешниот соиграч на Роналдо во Јувентус, го даде својот став, со совет и за младите луѓе на кого да се угледуваат.
„Кристијано Роналдо… Што би можел да кажам за него? Имаше многу притисок, но и огромна возбудува, во целата средина. Кога си во Јувентус, мислиш дека си навикнат на доаѓањето на големи шампиони. Но, таа атмосфера во соблекувалната… Добро се сеќавам на денот кога дојде. Барзаљи и јас бевме таму, и видовме многу големи играчи претходно… Но, Кристијано нè натера сите да помислиме дека пристигнала вистинска суперѕвезда“, рече Маркизио.
И потоа дополни…
„Ако може нешто да им кажам на децата: Следете го неговиот пример. Ако сакате голем шампион да ви биде пример, нека биде тоа Кристијано, а не Меси. Зошто? Бидејќи Меси има талент од Бога, тој имаше толку многу квалитети што дури и не мораше да тренира. А Роналдо постигна сè преку напорна работа. Дури и кога веќе беше голема ѕвезда, постојано работеше на себе, дури и повеќе од предтходно, за да стане она што е денес“, подвлече Маркизио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

