Португалската легенда, Кристијано Роналдо се запиша во историјата на фудбалот како најдобар стрелец на сите времиња на репрезентативен план, откако синоќа постигна два гола против Р. Ирска и во последните минути донесе голема победа за својата земја (2-1).
Напѓачот на Манчестер Јуанјтед го почна мечот со промашен пенал во 15. минута, но Роналдо потоа ги казни противниците со два гола со кои стигна до бројката од 111 погодоци во националниот дрес.
„Среќен сум не само затоа што го урнав рекордот, туку поради неверојатниот момент кој го имавме. Верувавме до крај, мило ми е. Понекогаш ќе постигнете гол, понекогаш ќе промашите, тоа е дел од играта. Мило ми е што дадов гол и победивме“, вели Роналдо.
Ronaldo speaks after his record-breaking day. 👏
(🎥: @SkySportsNews)
pic.twitter.com/AM5EFZNhFP— theScore (@theScore) September 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА