Роналдо нема да игра, но „Енфилд“ ќе ракоплеска за него во овие тешки моменти

Вчера светот го потресе шокантната вест за смртта на синот на Кристијано Роналдо. Во негова чест навивачите на Ливерпул денеска ќе дадат симболички стоечки овации во 7. минута од натпреварот.

„На страна секое фудбалско ривалство, солидарноста и емпатијата секогаш мора да победат. YNWA за целото семејство Роналдо“, порачаа од Ливерпул.

Информацијата дека тој нема да настапи вечерва го потврдија и од клубот од „Олд трафорд“.

„Семејството е поважно од сè. Роналдо ги поддржува своите најблиски во ова неизмерно тешко време. Потврдуваме дека тој нема да настапи на натпреварот против Ливерпул на „Енфилд“ и го нагласуваме барањето на семејството за приватност“, стои во соопштението од јунајтед. 

Се вчитува...