Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, кој има 40 години, е на добар пат да потпише нов договор со Ал Наср. Неговиот актуелен договор е до јуни, а претходно се шпекулираше дека за новиот двегодишен договор ќе заработи дури 200 милиони евра.
Роналдо одигра 98 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања и постигна 88 голови. Кристијано пристигна во Саудиска Арабија во 2023 година од Манчестер Јунајтед.
Новиот двегодишен договор е само потврда за желбата на Роналдо да продолжи да игра фудбал, а пред него е Светското првенство следната година кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА