Португалија повеќе од заслужено веќе е пред победа против Турција за место во осминафиналето на ЕВРО 2024, по предноста и од 3-0 во второто полувреме.
Португалците водат со 3-0 благодарение на Кристијано Роналдо, кој доби топка надвор од офсајд позиција и и покрај тоа што имаше можност сам да се запише во листата на стрелците се одлучи да го проигра Бруно Фернандеш кој беше пред празна мрежа на Турците за сигурен погодок.
На крај, крајно несебечната реакција за погодок, Роналдо ја заокружи со славје на голот со насочено внимание кон себе, отргнувајќи се и повикувајќи ги соиграчите кон себе…, како најзаслужниот за голот на Бруно Фернандеш.
🚨 GOAL: Turkey 0-3 Portugal!
RONALDO UNSELFISHLY FINDS BRUNO FOR 3-0! 🇵🇹 pic.twitter.com/TK0KVlS8pE
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА