Кристијано Роналдо веќе подолго време не успева да го постигне јубилејниот 700-ти гол во својата клупска кариера. Легендарниот Португалец не добива вистинска шанса во дресот на Манчестер Јунајтед, а и таа што ја добива не умее да ја искористи.
Во претходниот дуел на „црвените ѓаволи“ во Лига Европа 37-годишникот беше цел на исмејување поради лошите потези и обидите за дриблинг, а сега повторно е топ тема на социјаните мрежи по неверојатниот зицер кој го промаши на гостувањето во Кипар за кој ни самиот не можеше да поверува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА