Португалија доминира во осминафиналната пресметка против Словенија на ЕВРО 2024, но сето тоа без ефект со први 45 минути без голови во Франкфурт.
Кристијано Роналдо е во фокусот на вниманието низ првото полувреме, имаше неколку убави можности за гол, но не знаеше да се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник.
Имаше Роналдо одличен обид директно од слободен удар од 18 метри, но само сантиметри го делеа од погодок.
Палиња во последната секунда од првиот дел имаше обид за 1-0, но лошо шутираше од работ на шеснаесетникот.
“CR7 es mi pastor”: Cristiano Ronaldo muestra su habilidad a sus 39 años 😮💨⚽️
— Sopitas (@sopitas) July 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА