Кристијано Роналдо беше главен лауреат на свеченоста на „Глоуб Сокер“, а Поругалецот се појави на церемонијата носејќи накит во вкупна вредност од 740.000 евра.
Имено, асот на Јувентус на раката носеше редок часовник „Rolex GMT-Master Ice“. Ова ремек-дело е проценето на 445.000 евра, изработен од 18-каратно бело злато и обложено со 30-каратни дијаманти. Покрај тоа, Роналдо на левата рака носеше два прстени со вкупна вредност од 290.000 евра.
Интересно, часовникот што го носеше на оваа гала-вечера не е најскапиот што Кристијано го поседува, ако се знае дека тој во својата колекција има и модел на „Френк Милер“ во вредност од 1,3 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА