Роналдо од 1. јануари ќе го облече дресот на Ал-Наср

Кристијано Роналдо на 1. јануари 2023 година и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Ал Наср од Саудиска Арабија, пренесуваат светските медиуми.

Договорот ќе биде на две ипол години, а доскорешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед годишно ќе заработува по неверојатни 200 милиони евра. Роналдо со овој потпис можеби нема да игра во конкретно натпреварување, но ќе заработува два, па и трипат повеќе од конкурентите како Лионел Меси и Нејмар.

Португалскиот репрезентативец во Саудиска Арабија ќе пристигне со амбиција да ја освои шампионската титула со својот нов клуб, со што би ја продолжил низата успеси без разлика што станува збор за натпреварување кое е далеку од светската фудбалска елита.

Ал Наср во моментов е второпласиран на табелата со три бода помалку од лидерот Ал Шабаб. Покрај Роналдо од овој тим дел е и  голманот Давид Оспина.

Се вчитува...