Кристијано Роналдо оваа сезона би можел после десет натпревари за Реал во Примера да има две суспензии поради инциденти, а постигна само еден гол.
Ѕвездата на Реал првите четири меча од сезоната ги пропушти поради инцидентот во августовскиот дуел од Суперкупот со Барселона, кога го оттурна судијата Бенгоечеа.
Сега му се заканува нова суспензија ако Фудбалскиот сојуз на Шпанија уште еднаш не биде благонаклонет кон Португалецот. Во вчерашниот пораз од Џирона од 2-1, Роналдо го удри домашниот фудбалер Переа Понсо при еден дуел…
Кристијано Роналдо досега има вкупно седум голови во сите натпреварувања за Реал Мадрид сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА