Роналдо од пенал за водство на Португалија против Франција (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо носи водство за Португалија од 1-0 против Франција откако успешно го реализираше пеналот во 30. минута. Пеналот дојде откако Хуго Љорис неспретно реагираше и во еден воздушен дуел го нокаутираше Данило, по што главниот судија Матео Лахоз мораше да покаже на белата точка.

На вториот натпревар од оваа група Унгарија изненадувачки води со Германија со 1-0.

Голот на Кристијано Роналдо можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...