Драстичното влошување на релацијата со претседателот Флорентино Перез пресудило Кристијано Роналдо да си оди од Реал Мадрид. Во јули годинава, Роналдо си замина во Јувентус за околу 100 милиони евра како најдобар стрелец во историјата на клубот. Во неговата ера, Реал освои 15 големи трофеи меѓу кои и четири титули во Лигата на шампионите. Неколку месеци по заминувањето, Португалецот објаснува дека во последните неколку сезони не се чувствувал веќе како клучен за клубот.
„Чувствував дека во клубот веќе не ме сметаат за незаменлив. Ова особено беше впечатливо кај претседателот. Во првите четири-пет сезони имав чувство дека сум „Кристијано Роналдо“. Потоа тоа не беше така. Затоа почнав да размислувам за заминување. Постојано во медиумите читав дека јас сум барал да заминам, има вистина и во тоа, но јас го имав чувството дека претседателот нема да направи ништо за да ме запре“ – вели Роналдо.
Во интервјуто за „France Football“, Роналдо вели дека очекува и годинава да ја добие „Златната топка“. Смета дека го заслужува признанието трета година по ред и се надева дека ќе го надмине Лео Меси. Во мометов и двајцата имаат по пет од престижните награди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА