И покрај гласините дека португалската суперaѕвезда ќе го напушти Јувентус ова лето, Павел Недвед вчера изјави дека клубот не добил никаков сигнал од Роналдо дека сака да си замине и додаде дека наскоро го очекува во Торино и дека ќе се приклучи на подготовките на Котинаса на 25 јули.
Кристијано Роналдо во моментот е на заслужен одмор по завршувањето на фудбалското Европско првенство.
„Јуве, пристигнав. И останувам”, рече Кристијано Роналдо, цитиран од ‘Га Газета дело Спорт’.
Италијанскиот медиум пишува дека 36-годишниот Роналдо веќе одлучил да остане во Јувентус и следната сезона и дека клубот има намера да му понуди нов договор. Неговиот сегашен истекува следното лето, поради што започнаа гласините за трансферот, така што Јувентус нема да го загуби КР7 без обештетување.
Покрај Спортинг, како следна дестинација на Роналдо беа споменати Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА