Роналдо ограбен додека играше за Португалија

Кристијано Роналдо беше дел од репрезентацијата на Португалија на пријателскиот меч против Шпанија кој вчера заврши без победник 0-0. Додека португалскиот ас беше дел од натпреварот за репрезентацијата, неговиот дом бил ограбен.

Домот во Мадеира кој е во вредност од 7 милиони фунти бил мета на крадци, кои успеале од куќата да украдат лични предмети на Португалецот. Куќата била празна бидејќи покрај тоа што Роналдо имал настап на пријателската со Шпанија, неговата вереничка Георгина Родригез исто така не била во домот бидејќи се наоѓа во Париз каде е дел од модната недела.

 

Се вчитува...