Американскиот суд ја отрфли граѓанската тужба за силување против португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, поднесена од поранешна манекенка, се наведува во одлуката на судот која беше соопштена денеска.
Судот во Невада во петокот ја отфрли тужбата поради наводни прекршоци на адвокатот на тужителот Кетрин Мајорг. Мајорг го обвини Роналдо дека била силувана од него во 2009 година во хотел во Лас Вегас. Таа бараше отштета од 25 милиони долари.
Американскиот суд во 2019 година одлучи да не го гони Роналдо со кривична постапка поради недостаток на докази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА