Роналдо останува во Јувентус до крајот на договорот

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо ќе го испочитува максимално актуелниот договор со италијанскиот првак Јувентус. Тој ќе остане во Торино најмалку до јуни 2022 година, открива весникот „Тутоспорт“ кој важи за добро информиран околу случувањата во таборот на „старата дама“. Роналдо не размислува за заминување, а во моментот е во карантин во родната земја и многу брзо треба да се врати во Торино, откако тренерот Маурицио Сари ги повика странците да се соединат повторно со тимот.

Најверојатно од 4.мај италијанските клубови ќе добијат и дозвола за тренирање на отворено во помали групи, како најава и за рестарт на Серија А.

Кристијано Роналдо во 2018 година од Реал Мадрид пристигна во Јувентус за 100 милиони евра. Тој досега одигра 53 натпревари во дресот на италијанскиот шампион и постигна 42 гола.

Се вчитува...