Роналдо: Освоив се што можев да освојам, играв за најголемите клубови… збогум Европа

Кристијано Роналдо денеска и официјално беше претставен пред јавноста како нов фудбалер на Ал-Наср. 37-годшникот во Саудиска Арабија доаѓа од редовите на Манчестер Јунајтед со кого ја прекина соработката по контроверзното интервју со британскиот новинар Пирс Морган и потпиша двогодишен договор кој го прави најскапиот фудбалер во историјата.

На пресконференцијата Роналдо кој и покрај тоа што во минатото велеше ќе цели кон нови трофеи во Лигата на Шампиони, изјави дека неговото време во Европа завршило.

„Се чувствувам многу добро, горд сум што сум тука и што донесов ваква одлука. Мојата задача во Европа заврши, освоив се што можев, играв за најголемите клубови и сакав нов предизвик. Благодарен сум што Ал-Наср ми ја даде оваа прилика, шанса да направам нешто не само за фудбалот тука, туку и за младите генерации. Гледам на тоа како предизвик, но во исто време сум многу горд“, изјави Роналдо.

Се вчитува...