Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието и на СП во Русија, и поради головите, но и поради неговиот нов имиџ. Португалската ѕвезда во текот на Мундијалот пушти „брадичка“.
Медиумите неговиот нов имиџ го протолкуваа како одговор на неговиот голем ривал, Лионел Меси, посебно по потегот што го направи Португалецот после првиот гол,
Роналдо запиша хет-трик против Шпанија, а после првиот гол се удри по брадата за што многумина помислија дека е порака упатена за Меси. Имено, Аргентинецот промовирајќи ги новите копачки на „Адидас“ во најавата пред Светското првенство, се фотографираше со коза поради играта на зборови (COAT значи најголем на сите времиња).
Но, Роналдо откри дека пуштил брада од друга причина која нема врска со онаа на Меси.
„Мојата нова брада? Тоа беше шега со Кварезма. Бевме во сауна и јас почнав да се бричам. Оставив мао парче на брадата и реков ако постигнам гол против Шпанија, нема да се бричам до крај на Мундијалот. На крајот, брадата ни донесе среќа, постигнав гол, исто како и против Мароко. Па, ќе продолжам да ја носам“ – објасни Кристијано Роналдо.
Ѕвездата на Реал Мадрид во два натпревари постигна четири гола и е најзаслужен што Португалија има четири бода по првите две кола, исто како и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА