Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот нема да биде дел од историското Светско клупско првенство, потврди самиот тој.
Постоеше можност португалскиот голгетер да заигра за Чесли или Палмеирас на собирот на најдобрите фудбалски тимови во Соединетите американски држави, но нема да дојде до краток ангажман.
„Речиси сигурен сум дека нема а играм на Светското првенство за клубови без обѕир на сите добиени понуди. Имав многу разговори и контакти, меѓутоа мораме да мислите и на краток, среден и долг рок“, изјави Роналдо.
Роналдо и веќе изминатата сезона ја помина во редовите на Ал Наср, но повторно без успех откако неговиот тим не успеа да стигне до шампионската титула. Како утеха му остана фактот дека беше најдобриот голгетер во саудиското првенство во 25 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

