Роналдо откри дека се восхитува само на еден човек во спортот – Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Во разговор со Пирс Морган, Кристијано Роналдо зборуваше за спортистите кои го инспирираат и чија професионалност многу ја цени.

Меѓу имињата што ги спомена беа врвни спортисти од различни дисциплини, а особено го издвои Новак Ѓоковиќ како еден на кого навистина му се восхитува.

Португалецот истакна дека е мотивиран од спортисти кои успеваат да останат конкурентни на највисоко ниво и покрај нивната возраст.

„Има добри примери и во другите спортови. На пример, Леброн Џејмс – тој сè уште игра, е во одлична форма. Исто така и Лука Модриќ, сè уште изгледа одлично“, рече Роналдо.

Тој особено го нагласи влијанието на најдобриот српски тенисер, нагласувајќи колку е задоволен од неговата неодамнешна изјава дека токму Роналдо го инспирирал да остане на врвот на светот дури и во своите четириесетти години.

„Ѓоковиќ е одличен пример за величина во спортот на кого му се восхитувам. Добро е кога луѓето од другите спортови зборуваат добро за тебе – тоа многу значи. Мило ми е за неговите зборови“, рече Роналдо.

Се вчитува...