Роналдо откри кој е најдобар фудбалер на светот

Роналдо Луис Назарио де Лима, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, играше со многу фудбалски легенди во текот на својата кариера, а Бразилецот во интервју за медиумите издвои кој според него е најдобриот.

„Зидан е најдобриот фудбалер со кој сум играл и тренирал“, рече Роналдо, кој ја заврши својата кариера во 2011 година во Коринтијанс, Бразил.

Бразилската легенда играше со Зидан од 2002 до 2006 година во Реал. Тие не успеаја да ја освојат Лигата на шампионите, а единствениот голем трофеј што го освоија заедно беше Шпанското првенство во 2003 година. Таа сезона Роналдо постигна 23 гола и несомнено беше најдобар стрелец на тимот.

„Сега Зидан е тренер кој освои три титули по ред во Лигата на шампиони. Денес се прашувам: Кој е подобар? Зидан како играч некогаш, или Зидан како тренер денес? Не го знам одговорот на тоа прашање“, заврши Роналдо.

Се вчитува...