Роналдо открива: Ќе бидам сопственик на неколку клубови

Кристијано Роналдо на 40-годишна возраст не само што не намерува да стави крај на блескавата кариерата, туку и продолжува да испишува нови рекорди , и тоа самоуверено говорејќи дека е најдобар фудбалер во историјата.

Роналдо не намерува да запре наскоро, но откри што сака да прави по крајот на долгата кариера. Тој нема да биде тренер или менаџер, ниту пак да прифати да биде спортски директор во некој клуб. Неговата желба е да биде сопственик на неколку клубови.

„Нема смисла да бидам директор на клуб. Ако можам да бидам сопственик зошто би бил менаџер, спортски директор или директор? Тоа е мојот сон и верувам дека ќе бидам сопственик на клуб. И ќе ви откријам уште нешто: се надевам дека нема да имам само еден клуб, туку неколку од нив“, изјави Роналдо.

Се вчитува...