Роналдо по двата нови рекорди: Не ги бркам јас нив, туку тие мене

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо успеа да урне два рекорди во Саудиска Арабија. Тој беше стрелец за неговиот Ал Наср против Ал Итихад. Два пати ја погоди мрежата и така влезе во историјата.

Роналдо ја заврши сезоната со 35 гола, што никогаш никој не успеал во саудиската лига. Тој, исто така, стана единствениот играч кој е најдобар стрелец во четири различни лиги.

Роналдо тоа го направи прво во Премиерлигата, играјќи за Манчестер Јунајтед, потоа во Ла Лига како член на Реал, а исто така и во Серија А со Јувентус.

Откако го урна рекордот, кратко напиша на „Твитер“.

„Јас не ги бркам рекордите, туку тие мене“, напиша Роналдо.

Ал Наср сезоната ја заврши на второто место, со шест бода помалку од шампионот Ал Хилал

Се вчитува...