Кристијано Роналдо се наоѓа во центарот на нов скандал во Шпанија со затајување на данок откако против ѕвездата на Реал Мадрид и официјално беше поднесена тужба, за затаени 14,7 милиони евра во периодот од 2011 до 2014 година.
Португалецот се наоѓа во својата татковина, каде се подготвува со европскиот првак за претстојниот настап на Купот на Конфедерации.
Тој пред денешниот тренинг беше прашан од португалските медиуми за тужбата против него, по што следеше краток одговор: „Мене совеста ми е чиста“.
Реал Мадрид преку соопштение до јавноста исто така му искажа поддршка на својот најдобар фудбалер, но шпанските медиуми најавуваат дека истрагата ќе биде темелна, а обвинителите ќе бараат и затворска казна за Португалецот. Сепак, многу поверојатно е дека Кристијано ќе мине со парична казна, плус условна затворска казна, како што тоа претходно беше случај и со Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА